Дали Џејмс Корден ќе го направи невозможното: Ги собира сите членови на поранешниот бојбенд?

popara16 април, 20231min00

Веќе неколку месеци се најавува крајот на американското шоу „The Late Late Show“ кое го води познатиот комичар Џејмс Корден, а сега се знае кога ќе се емитува последната епизода од ова популарно забавно шоу. Џејмс Корден дебитираше како водител на 9 март 2015 година, негови први гости беа Мила Кунис и Том Хенкс, а неговото деби го гледале 1,66 милиони луѓе, што е рекорд на шоуто за разлика од претходните три години кога го водеше Крег Фергусон.

Челниците на телевизискиот канал CBS се уште не се изјасниле дали размислуваат да го заменат по заминувањето на Корден, па според сите сметки и тоа ток-шоу ќе заврши со негово заминување. Водителот наводно се пензионира бидејќи сака да посвети повеќе време на своите три деца, сопругата и постарите членови на семејството кои живеат во неговата родна Англија. Покрај тоа, тој сака повеќе да се посвети на актерството, кое го запостави поради водителската улога.

image

Пред финалното шоу, CBS најавува и специјално шоу посветено на англискиот комичар, во кое ќе бидат истакнати најдобрите моменти од „The Late Late Show“. Но последните гости се држат во тајност, а на големо се шушка дека тоа би можеле да бидат членовите на популарниот бојбенд One Direction кој се распадна пред осум години, па можеби ќе може Џејмс Корден да го направи она што ниту еден менаџер или обожавател на еден од најпопуларните британски бендови не успеале да го направат досега – повторно да ги обедини.

image

Со своите хитови со години не го напуштаа врвот на топ листите, продадоа повеќе од 70 милиони плочи, а се проценува дека само во 2013 година заработиле над 75 милиони долари. Бендот е формиран во 2010 година благодарение на шоуто за таленти „The X Factor“ во кое посебно се пријавија Хари Стајлс, Лиам Пејн, Луис Томлинсон, Ниал Хоран и Зејн Малик, а потоа, забележувајќи го нивниот потенцијал, креаторот на шоуто Сајмон Кауел ги спои заедно како група.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma