Велигденска салата со јајца: Идеална за секаква трпеза, а заради оваа необична состојка постојано ќе ја правите!

popara17 април, 20231min00
43f072dfc1f10f67fe221773d4a1ebd2838c0d92

Доколку сакате да експериментирате во кујната, оваа салата е вистинскиот избор. Интересна комбинација на состојки како ананас, варени јајца и шунка го прават ова мезе едноставно неодоливо и идеално за празнична велигденска трпеза. Ќе го направите за помалку од половина час, а можете да го послужите и како оброк.

Состојки:

6 јајца
6 парчиња конзервиран ананас
100 гр прашка шунка
200 гр замрзната пченка
1 целер
2 супени лажици јогурт
2 лажици мајонез

Подготовка:

Сварете пченка и јајца. Исечкајте ја шунката и изрендајте го целерот. Во сад измешајте ги ситно сечканите јајца, пченката, шунката, сечканиот ананас и целерот. Додадете јогурт и мајонез, а потоа посолете и побиберете. Се добро измешајте.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma