5 навики кои можат да ја УНИШТАТ косата, а ги прават скоро сите: Една може скапо да ве чини!

popara17 април, 20231min00
shutterstock2131296821-460x0

Бујната, здрава коса не е само резултат на добра генетика, туку и на соодветна грижа. За жал, многу луѓе не знаат како правилно да ја третираат косата, па се случува таа да почне да станува премногу мрсна, да има расцветани краеви или да опаѓа.

Фризерката која е позната како @thehairgirlnz на социјалната мрежа „TikTok“ сподели пет совети и трикови за здрава, убава и негувана коса и откри што никогаш не би направила со својата коса, и што забележала дека нејзините клиенти прават.

1. Пунџа или репче – еднаш месечно

Ставањето на косата во реп е навика која ја практикуваат повеќето девојки, особено кога немаат време да ја измијат или да ја средат косата. Од друга страна, многумина прибегнуваат кон друго решение – пунџа која секогаш изгледа елегантно и женствено.

И двете фризури можат да бидат погубни за косата доколку ги правите почесто од еднаш месечно, тврди фризерката.

Таа ги објаснува и причините:

– Собирањето на косата во опавче и правењето елегантна пунџа бара малку почесто и посилно да ја влечете косата, а тоа со текот на времето може да предизвика алопеција и екстремно пукање на косата.

2. Задолжителна употреба на производи за заштита од топлина

Користењето на пегла за исправување или фигаро е најбрзиот начин да ја добиете посакуваната фризура. Но, пред да одлучите да направите фризура со помош на овие уреди, неопходно е да нанесете средство за заштита од топлина на вашата коса.

– Сите знаеме како изгледа изгорената кожа, но замислете што и прават високите температури на нашата коса кога не нанесуваме термичка заштита – вели фризерката.

3. Внимавајте на температурата

Веќе споменатата преса и фигаро за правење локни можат да направат магија од косата по само десет минути користење.

Но, температурата на која ја изложувате косата никогаш не треба да биде повисока од 200 степени; во спротивно косата неповратно ќе се изгори, тврди фризерката.

4. Шампон двапати неделно

Во текот на зимските и пролетните месеци, многу луѓе ја мијат косата само еднаш неделно, што според фризерката е голема грешка.

Косата треба да се третира со шампон најмалку два пати неделно. Ова е единствениот начин да се отстрани маснотијата што се акумулира на косата.

5. Заборавете на тенки ластичиња за коса

Изгледа дека нема девојка на светот што не користела ластик за коса секој ден, барем како дете. И тоа, според фризерката, е голема грешка.

– Тенките ластици за коса ја оштетуваат косата повеќе од подебелите, а секако и повеќе од штипките за коса, со кои може да се подигне косата и да се направи интересна фризура – вели фризерката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma