За бели заби: Отстранете го забниот камен на природен начин

popara17 април, 20231min00
Screenshot_7

Забниот камен се оние тврди наслаги кои остануваат како залепени за забите. Не е добро да ги имате затоа што со текот на времето го оштетуваат забот. Затоа е најдобро да посетувате забар барем двапати годишно заради чистење на забниот камен. Но, ако сакате и дома да си помогнете со тоа и да ја превенирате појавата, разгледајте ги овие неколку рецепти.

 

 

 

Рецепт бр. 1

Потребни состојки:

  • 30 грама лушпи од ореви
  • малку вода

Начин на подготовка:

Ставете ги лушпите и водата во тенџере и варете околу 15 минути. Потоа ставете од течноста на четката за заби и мијте ги по пет минути три пати на ден.

 

Рецепт бр. 2

Потребни состојки:

  • 4 лажички семки од сончоглед
  • 4 лажички цветови од липа
  • 1 литар вода

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во сад на тивок оган и варете околу половина час. Мијте ги забите со оваа течност по секоe јадење.

 

Рецепт бр. 3

Ставете малку јаболков оцет во устата, тријте ги забите со четка и потоа плукнете и исплакнете ја устата со вода. Применувајте го овој метод само еднаш неделно.

 

Рецепт бр. 4

Ставете малку сода бикарбона на четката за заби и тријте. Можете да додадете и малку сол. Освен што помага во избелувањето на забите, тоа помага и во отстранувањето на забниот камен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma