Жешки бакнежи на фестивал: Шон Мендес и Камила Кабело повторно заедно?

popara17 април, 20231min00
o_28712691_1280 (1)

Се чини дека поранешната љубов на поп-ѕвездите Шон Мендес и Камила Кабело не е младешка љубов која доаѓа, оди и лесно се заборава. Романтичните бакнежи и нивната страсна прегратка на американскиот музички фестивал Coachella, игнорирајќи ги љубопитните погледи околу нив, укажуваат на тоа дека парот се смирил.

Со оглед на нивната ноншалантност за тоа дали некој ги видел, фановите претпоставуваа дека Шон и Камила дефинитивно се повторно заедно, но 24-годишниот канадски кантавтор и две години постарата кубанско-американската пејачка допрва треба да кажат нешто.

Со громогласна музичка позадина на еден од најпознатите фестивали, тие во петокот вечерта си разменија бакнежи. Изгледаа блиски, среќни, заљубени, како засекогаш да е избришан периодот од нешто повеќе од една година – откако на социјалните мрежи објавија дека не се повеќе заедно. Фотографиите и видеата на обожавателите кои ги „фатиле“ во прегратка веќе се вирални: на нив може да се види како Камила и Шон повторно нашле заеднички јазик.

image

Тие се запознаа во 2014 година, кога Камила Кабело беше членка на групата Fifth Harmony, а таа година потпиша договор за снимање со издавачката куќа Island Records и по победата во музичкото шоу на Рајан Сикрест за најдобра кавер песна, почна да ги освојува топ листите. Тие ја започнаа својата врска во јули 2019 година, откако снимија заеднички спот за нејзината песна „Señorita“ и станаа неразделни. Но, во ноември минатата година ја објавија веста за нивното раскинување по две години врска и ги шокираа обожавателите.

До неодамна, се сметаше дека емотивниот Канаѓанец, кој поради менталното здравје е на пауза од кариерата, започнал романса со 51-годишната докторка Џоселин Миранда, а пејачката накратко излегувала со американскиот претприемач Остин Кевич, ко-основачот и извршен директор на апликацијата за запознавање Lox Club. Според американскиот магазин People, тие раскинале во февруари оваа година. Можно е враќањето на старата љубов да е токму причината за тоа раскинување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma