Се сели во вилата на Шакира во Барселона: Пике сака да го прошири семејството, но не со Клара Чиа Марти?

popara18 април, 20231min00
359689_clara-chia-pique-profimedia0754496879-credit-europa-press--contactophoto--profimedia_ff

Фудбалерот Жерар Пике веќе неколку месеци е во врска со Клара Чиа Марти и како што пренесоа странските медиуми, таа била причина за раскинување на неговата долгогодишна врска со колумбиската пејачка Шакира.

Шакира пред некое време се пресели во Мајами со своите синови кои ги има со Пике, а фудбалерот и неговата девојка се најдоа на насловните страници кога се појавија извештаи за планови за бременост.

Како што пренесува Canal RCN, Пике сака дете, но не со Клара Чиа Марти.

Како што кажавме, тој со Шакира веќе има два сина Милан и Саша и сега сака ќерка.

Но, тој не сака Клара да биде мајка, туку како што објавија изворите, Жерар сака да имаат дете преку сурогат мајчинство.

Ако ова навистина е така, Пике не би бил првиот фудбалер што ќе го стори тоа.

Да потсетиме, Кристијано Роналдо веќе ги има близнаците Ева и Матео кои се родени од сурогат мајка. Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Џејмс Родригез го има синот Самуел, кој беше посвоен.

Сепак, иако не е прв што се одлучил на ваков чекор, сепак не е јасно зошто би се одлучил за сурогат мајчинство.

И додека не ја дознаеме вистинската причина за ваквата одлука, странските медиуми пренесуваат дека Пике и Клара Чиа Марти планираат да се вселат во старата вила на Шакира во Барселона.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma