Ѕвездата на серијата „The Big Bang Theory“: „Ви спомнав дека се оженив?“

popara22 април, 20231min00
o_28768403_1280

Актерот најпознат по улогата во популарниот ситком „The Big Bang Theory“, Кевин Сасман, ги изненади обожавателите со објава на Инстаграм – актерот кој го глумеше сопственикот на стрип-книжарницата Стјуарт објави фотографија од неговата свадба и напиша „Дали спомнав дека се оженив овој викенд?

Кевин се ожени со својата партнерка Ади Хол, со која е во врска од април 2020 година. Тие се верија пролетта минатата година, во ресторан на Менхетен. Актерот за специјалниот ден избра темно сино одело, додека невестата носеше корсет фустан со мило деколте со суптилна цветна текстура, а на фотографијата позираат со нејзиниот татко.

image

„Стјуарт конечно успеа“ и „Сега Стјуарт конечно може да се исели од куќата на мајката на Хауард“, беа дел од коментарите од неговите следбеници, заедно со честитки за венчавката. Инаку, Кевин имаше улога во серијата „Ugly Betty“, а наскоро ќе излезе и неговиот нов проект, серијата „Lessons In Chemistry“ во која има улога заедно со актерката Бри Ларсон. Зад себе има еден брак – оној со Алесандра Јанг со која се ожени во 2006 година, се разделија во декември 2012 година, а официјално се разделија дури пет години подоцна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma