Секоја жена го има во чантата и нема поим колку може да биде корисен – Задолжително прочитајте

popara23 април, 20231min00
676 (1)

Главната функција на балсамот е да ги заштити усните и да ги направи меки и негувани.

Тоа е особено важно во текот на зимата поради влијанието на надворешните фактори, а доколку не сте знаеле, овие мали производи за убавина можат да бидат прва помош за многу други проблеми кои ве мачат.

Сува кожа на лактите

Сувата кожа на лактите понекогаш може да биде толку груба што може да пече. Тоа укажува на недостаток на витамин А и целата Б група во вашето тело, а не е ни естетски прифатлив. Ако ви снема крема за тело, нанесете од балсамот за усни на прстот и со него истријте го лактот.

Неуредни веѓи

Веѓите се украс на секое лице, па затоа е важно тие да бидат правилно обликувани и уредни. Доколку веѓите ви се „диви“ и не сте успевале да ги скротите, нанесете малку балсам за усни на прстот, а потоа и на веѓите. Ќе делува како фиксатор.

Исекотини од бричење

Исекотините од бричење, иако се површни, може обилно да крварат. Овој проблем можете да го решите така што ќе нанесете мелем на местото каде што сте се исекле.

Не можете да го извадите прстенот?

Многумина го доживеале овој проблем – сакале да го извадат прстенот или бурмата, но тој ни да мрдне! Тогаш најчесто доаѓа до паника бидејќи колку повеќе го вртите прстот повеќе отекува. Нанесете балсам на кожата на прстот, нежно свртете го прстенот и лесно ќе го отстраните.

За подмачкување на фиоки

Иако звучи неверојатно да се користи еден производ за убавина за овие цели, верувајте дека делува. Кога фиоката тешко се отвора, ставете малку мелем за усни на тркалото во механизмот со кој се движи фиоката и ќе го олесни лизгањето при отворање и затворање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma