ДОМАШНИ ЊОКИ во ЦРВЕН СОС! Се топат во уста!

popara24 април, 20231min00
628653_njoke-zapecene_f

Тука нема многу што да се прави, како што изгледа. Се варат компирите, се пасираат, се додава брашното, жолчките, малку сол и се формира тесто…

Состојки:

За њоките:

0,5 кг излупен бел компир

120-150 гр брашно, плус за работната површина

жолчка

прстофат сол

За сосот:

лажица маслиново масло

кромид

црвена пиперка

чешне лук

400 гр пелат од домати

една лажичка сушен или грст свеж босилек

125 гр моцарела

Подготовка:

Компирите сварете ги во посолена вода, изгмечете ги, додадете прстофат сол, една жолчка и постепено додавајте го брашното, постојано мешајќи и месејќи го. Формираното тесто поделете го на четири дела, па секој дел свиткајте го во лента со дебелина од околу 1,5 см, тркалајќи го со дланките на работната површина. Добиените ленти исечете ги на њоки долги околу 2 см. Ако сакате, притиснете ја секоја њока на ребреста површина или со вилушка, или оставете ги мазни. Ставете ги во многу зовриена вода и веднаш штом испливаат извадете ги со рерна лажица. За сосот, пропржете ги сечканиот кромид и ситно сечканата пиперка пет минути. Додадете го искршениот лук, пропржете една минута, па додајте ги доматите и зачинете. Гответе околу 10 минути и повремено мешајте. Додадете ги сварените њоки, босилекот и префрлете ги во голем огноотпорен сад. Посипете ги њоките со распарчена моцарела и печете до десет минути, додека моцарелата не добие меурчиња и златна боја.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma