Ријана во добро познатиот стил излегува од ресторан во Париз: Во прв план е трудничкиот стомак!

popara24 април, 20231min00
1ecd3c497e7e4cc72f56653de79dfa21ddc2c2f3

Ријана веќе неколку дена е во Париз каде со синот и момчето Асап Роки ужива во шармот на Франција.

Пејачката нашла време и за одмор, па со партнерот посетила ресторан од кој си заминала видно среќна во својот познат стил. Таа носи пурпурни плишани панталони и жолт кроп топ кој го истакнува нејзиниот труднички стомак. Сличен стил на облекување имаше и кога била бремена со своето прво дете, чие име се уште не го открива.

Ријана често споделува фотографии и видеа од својот син на социјалните мрежи, а втората бременост ја сподели со светот за време на нејзиниот настап на Супер Боул на почетокот на оваа година.

Иако голем дел од искуството како новопечена мајка го чуваше во тајност, Ријана неодамна даде интервју за Vogue каде се осврна на своето семејство:

– Ова е се. Навистина не се сеќавате на вашиот претходен живот, тоа е најлудото нешто досега – рекла таа за родителството.

– Буквално се обидуваш да се сетиш, а има и фотографии од мојот живот и претходно, но чувството, желбите, работите во кои уживаш, се, едноставно не се поистоветуваш со тоа бидејќи не си дозволувате да стигнете толку далеку психички – рече тогаш Ријана.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag