Славната манекенка за фустанот кој го полуде интернетот: „Јас ја носев пред Џенифер Лопез“

popara25 април, 20231min00
o_28715989_1280

Прелистувајќи го својот моден бележник како дел од новата епизода „Life in Looks“ на магазинот Vogue на Јутјуб, топ моделот Амбер Валета се присети на еден детал што остана во сенка на целата приказна околу култниот фустан. Легендарниот зелен фустан на модната куќа Версаче, кој го прослави Џенифер Лопез, за првпат таа го облече и носеше на модна ревија.

„Овој фустан е пребаруван на Гугл повеќе пати од кој било друг изглед во историјата. Го проби интернетот кога го носеше Џенифер Лопез, па всушност е кул да се биде дел од таа историја бидејќи јас го носев фустанот пред неа“, рече 49-годишната американса актерка и модел со насмевка.

image

Дизајнерката Донатела Версаче е заслужна за создавањето на свилениот шифон фустан со зелени листови и дезен од бамбус со сини детали и деколте до папокот, украсен со брош с цитрин. Една од нејзините омилени манекенки, Амбер Валета, најпрво го носеше на ревијата на Версаче за пролет/лето 2000. Таа повторно го носеше додека позираше за кампањата на познатата модна куќа, а подоцна познатиот фустан го носеше Донатела Версаче, на „Rock Style „ на Мет Гала, а потоа и Гери Халивел, членка на групата „Спајс грлс“.

Не е познато во кој момент Џенифер Лопез се одлучила за смелиот, блескав зелен фустан. Стилистот се обиде да и одговори бидејќи креацијата веќе беше видена во јавноста, но Џеј Ло беше убедена дека е направена за неа. Таа не погреши. Го носеше на 42. Греми награди и влезе во историјата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag