Евреите имаат латки, Ирците уживаат во боксти, Швајцарците јадат рости, а Германија подготвува картофелпуфер. Тоа е, се разбира, различни верзии на истото јадење – палачинки од компири.
Германската верзија вклучува состојки кои повеќето луѓе ги имаат во своите фрижидери и шпајзови – рендан компир и кромид, кои се мешаат со малку брашно и јајца пред да се формираат во палачинки и да се пржат во тава.
За картофелпуферот да има крцкава текстура, важно е да ја исцедите целата течност од ренданите компири пред да ги измешате сите состојки, но и да го испечете во многу маснотии.
Kartoffelpuffer треба да има крцкава кора и мека средина. Еве како можете да го постигнете тоа.
Состојки:
600 гр излупени компири
2 лажици бело брашно
1 јајце
1 мал кромид
сол и бибер по желба
растително масло за пржење
Подготовка:
Излупете ги компирите и изрендајте ги на помали парчиња заедно со кромидот. Исцедете го вишокот вода од ренданиот зеленчук.
Во сад измешајте ги јајцето и брашното, во смесата посолете и побиберете, па додадете ги изренданите и исцедени компири и кромидот. Сè добро измешајте.
Во тава загрејте многу масло, а потоа додадете мали количини од подготвената смеса за палачинки што сте ја обликувале во круг.
Пржете ги палачинките од двете страни по неколку минути додека да станат крцкави и да добијат убава златно-кафеава боја.
Ставете ги печените палачинки од компири на впивачка хартија. Послужете топло со павлака или кој било друг сос по ваш избор. Добар апетит!