Три грешки заради кои ЛАКОТ ПОБРЗО ВИ ПАЃА

popara26 април, 20231min00
shutterstock179224784-830x0

Сонот на повеќето жени би бил да имаат лак кој ќе трае вечно.

Такво нешто особено сакаме кога ќе се обидеме како самоуки стручњаци за домашен маникир и потоа ќе сфатиме дека лакот почнал да се лупи. Проблемот се грешките кои не ни знаеме дека ги правиме, бидејќи мислиме дека лакот за нокти е едноставен процес.

Ова се три вообичаени грешки кои ни ги расипуваат уредните и убаво обоени нокти.

1. Премногу слоеви

Непотребно ставаме слоеви, за ноктите да бидат поцврсти, бојата подобра или едноставно тоа го правиме од навика. Да, можеби неколку слоеви лак на почетокот изгледаат убаво, но тоа не е добро решение. Бидејќи, кога ќе нанесеме неколку слоеви, лакот почнува брзо да се лупи, па ноктите изгледаат неуредно и запуштено.

Затоа, најдобро би било да набавите лак кој не бара повеќе од 1-2 слоја.

2. Недоволно исчистени нокти

Валканите нокти се една од честите причини зошто лакот „бега“ од нив. Не мора да значи дека ноктите се видно валкани, но доволно е да знаете дека масниот слој на плочката за нокти не дозволува лакот убаво да се залепи на самиот нокт.

Затоа, ноктот секогаш бришете го со ацетон, па оставете го да се исуши и дури потоа лакирајте го.

3. Недостасува завршен слој

Понекогаш ни се брза, па немаме доволно време или трпение да чекаме лакот да се исуши. Но, кога ќе решиме да се справиме со нив и убаво да ги обоиме, тогаш не би требало да ни биде тешко да нанесеме завршен слој кој ја зачувува бојата и не дозволува лакот да се трие при користење на рацете.

Затоа, top coat лакот секако ја продолжува издржливоста на главната боја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag