Фернандо Алонсо провоцира: Со видео одговори на гласините за нова врска со славната пејачка

popara27 април, 20231min00
o_28819719_1280

Пејачката Тејлор Свифт и Формула 1 возачот Фернандо Алонсо наводно се во тајна врска. Ваквите информации има профил на Инстаграм кој ги открива сите тајни на познатите, а најчесто не грешат. Анонимен профил по име DeuxMoi објави дека Тејлор и Алонсо се гледаат, но бидејќи и двајцата неодамна ги прекинаа претходните врски, сè уште не е сериозно меѓу нив.

Алонсо не молчеше по гласините, туку објави видео на TikTok кое дополнително ги возбуди фановите – во видеото кое трае неколку секунди, во позадина се слуша хитот на пејачката, „Karma“, на која возачот погледнува во камерата и намигнува. Во описот напиша „Ера на трката“ и со тоа алудираше на актуелната турнеја на пејачката „The Eras“. Тој го остави и коментарот „Feeling 33“, поврзано со нејзината песна „22“.

@fernandoalonso

Race week era😉 #F1 #F1TikTok #Formula1

♬ karma sped up – ✨️j <3 ✨️

„Ве молиме потврдете дали гласините се вистинити“, напишаа фановите во коментарите. Инаку, Тејлор по шест години ја раскина врската со британскиот актер Џо Алвин, со кој се раздели пријателски и „без драма“, како што откри извор близок на парот. Во последните години се трудеа да ја држат својата врска што подалеку од очите на јавноста.

На почетокот на април и Алонсо излезе од љубовна врска – раскина со новинарката и ТВ водителка Андреа Шлагер, која работи за Ф1 и со која исто така не се експонираше премногу во јавноста. “Сакавме да ви кажеме дека нашата врска е завршена. Среќни сме што имавме можност да живееме фантастични моменти заедно и ќе продолжиме да го правиме тоа, преку поинаква форма на љубов”, изјави парот за нивното раскинување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma