БЕЛАТА НЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ОПЦИЈА! Најпопуларната венчаница за невести во 2023 година! (ФОТО)

popara27 април, 20231min00
550497_vencanice4_f

Шарените венчаници ќе бидат најголемиот моден тренд за 2023 година.

Многу парови ја планираат својата венчавка во најубавиот месец од годината, кога природата оживува и сончевите денови повикуваат на прослави. Сепак, додека некои сè уште размислуваат за есенските свадби, упатени се во најновите трендови. Изборот на совршена венчаница е секогаш еден од најважните фактори, а оваа година невестите сакаат нешто поинакво.

Во организацијата на венчавката посебна улога има венчаницата на невестата. Со текот на годините, трендовите се вртат во круг, со појавата на бели фустани, слонова коска, тантела, светки и така натаму. Сепак, се чини дека доаѓа ново модно освежување.

Според најавите, најголем тренд за венчаниците во 2023 година се фустаните со префинети бои. Шарените венчаници ќе бидат исклучително пожелни, од дискретни детали во боја до цели фустани покриени со шарени дезени.

Дизајнерите оваа година решија да направат чекор напред и да ризикуваат. Наместо бели венчаници, ќе видиме фустани во сите нијанси. Затоа, за сите кои планираат венчавка во блиска иднина или размислуваат за тоа, време е да се запознаете со овој нов тренд.

Screenshot 2023-04-27 125459
Screenshot 2023-04-27 125518
Screenshot 2023-04-27 125540

Пастелните бои како бебешка сина и розова се вистинскиот избор за романтика, додека смелите металик и цветните принтови се совршени за малку похрабри невести кои и пркосат на формалноста.

Доколку изберете таков впечатлив фустан, најдобро е да го комбинирате со едноставен додаток бидејќи фустанот е ѕвезда на целата модна приказна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma