Бјути совет: Ако имате кафени очи, вашата шминка треба да изгледа вака

popara27 април, 20231min00
676 (1)

Најчеста грешка, според експертите за шминка, која жените со кафени очи можат да ја направат е купувањето сенки во кафена боја. Сите сакаат неутрални бои, но жените со темни очи треба да внимаваат да не бираат бои кои на нив ќе изгледаат „рамно“.

„Избегнувајте мат, кафени сенки кои одговараат на вашата боја на очите“, вели славната шминкерка Џенифер Тротер. „Често жените со кафени очи мислат дека кафените сенки на нив ќе изгледаат природно, но на кафените очи, кафеавата сенка изгледа досадно и рамно. Ако сакате природен изглед, одлучете се за бронзена сенка со сјај или сивкаста нијанса, ако имате посветол тен. Ако имате потемен тен, златната и шампањ нијансата се идеални за вас. Уште еден важен совет: секогаш избирајте формула со суптилен сјај, а не светки, и овие сенки ќе ви ги отворат очите и ќе ја истакнат нивната боја.“

За постигнување на „smokey eye“ изглед, Џенифер споделува уште еден совет: „Не купувајте црн ајлајнер само затоа што изгледа одлично на зеленооката Адел. За да создадете „smokey eye“ за кафени очи, треба да размислите надвор од кутијата. „Црното може да ви стои без врска. Обидете се со темна јаглен (сиво-сина нијанса) или тегет боја. Вашите очи навистина ќе блеснат.“

За крај, Џенифер ги предупредува жените со кафени очи да не ги забораваат нијансите на кармин и руменило. “Користењето беж, кафени нијанси за усните и образите не е добра одлука. Наместо тие бои, користете розови нијанси кои одлично ќе одат со се.”

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma