За уредна фризура: Како да ја намалите наелектризираноста на коса?

popara27 април, 20231min00
Screenshot_4

Освен студенилото, зимата со себе носи и топли парчиња облека и модни додатоци како капи, изработени од волна или синтетика. Токму поради тоа што секојдневно се среќаваме со проблемот на наелектризирана коса, во продолжение ви даваме неколку предлог-совети како тоа да го избегнете.

 

 

 

 

1.Марамчиња за сушалка на облека

 

Освен што вашата облека ја прават миризлива и мека, овие мармчиња можат да скротат и вашата коса. Со марамчето добро истријте го чешелот и четката за коса, така ќе го спречите создавањето на електрицитетот. Доколку вашата коса веќе станала непослушна, со марамчето лесно поминете по целата нејзина должина, избегнувајќи го коренот.

 

  1. Лосион за раце или тело

 

Благиот лосион за раце или тело е совршен сојузник во борбата против електрицитетот. Малото количесто на лосионот размачкајте го помеѓу дланките, па со прстите лесно поминете низ косата. Таа ќе се скроти и „дивите“ влакна ќе ги нема веќе.

 

3.Соодветен чешел и четка

 

Пластичниот чешел во текот на зимските месеци оставете го во фрижидер, затоа што тој предизвикува електрицитет. Заменете го со оние со метални или гумирани запци. Кога се четките во прашање, користете ги оние со природни влакна, која е поздрава за вашата коса.

 

4.Лак за коса

 

Освен што ќе ја обликува вашата коса, лакот за коса е добар и во спречување на електрицитетот во коса. Речиси сувата коса, на оддалеченост од околу 30 сантиметри попрскајте ги со лак. Лакот можете да го нанесете и на четка , па потоа со неа расчешлајте ја косата.

 

  1. Влажен воздух

 

Греењето во затворен простор го суши воздухот и може да доведе до електрицитет во коса. Ако сакате да го спречите овој ефект, кој ќе ја расипе вашата нова фризура, навлажнете го воздухот. Освен што ќе го спречите создавањето на електрицитетот, влажниот воздух го спречува ширењето на бактерии и вируси.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma