ХОРОСКОП ЗА 29-ТИ АПРИЛ: Овните чекаат промени кои се наближуваат, а Лавовите се под притисок

popara28 април, 20231min00
5e7aec1b24aecc5e703c878462faf8b86969d956

Овен

Чекате промени кои се наближуваат. И како што обично се случува, минутите се чувствуваат како години. Нетрпеливоста ве вознемирува, треба да најдете начин да се опуштите. На пример, поминете го попладнето со некој близок или пријател.

Бик

Околу вас се генерира негативна енергија која самите сте ја започнале. Ви се чини дека околината ве исцрпува, а вие го игнорирате фактот дека ги оптоварувате со вашето досадување. Не заборавајте, она што го добивате е пропорционално со она што го давате.

Близнаци

Ги надминувате вашите можности. Заморот кој ве мачи веќе некое време си го прави своето. Секојдневните задачи бараат повеќе труд од вообичаеното. Поради недостигот на сон ви паѓа и концентрацијата, па доколку не го решите тоа, следува сериозен пад на енергијата.

Рак

За секој денар треба да се работи напорно. Потпрете се единствено на своите способности, труд и жртви, само така ќе постигнете задоволителен успех. Ќе си заминат и сите пари што ќе ви дојдат на побрз и полесен начин.

Лав

Под голем притисок сте. Од вас зависи дали ќе ги спроведете одлуките кои не влијаат само на вас. Од друга страна, потребна ви е поддршка од партнерот, но не ја добивате. Можеби ова е можност да преземете целосна одговорност и сами да ги завршите работите.

Девица

Вашата концентрација не е на завидно ниво. Главно размислувате за уживање и релаксација. Во духот, далеку сте од вашето место на живеење, па би било пожелно да се симнете на земјата на крајот од денот, во спротивно, ќе следи болно враќање во реалноста.

Вага

Одите во круг бидејќи не прифаќате некои мали порази. Во прашање се некои крајно безначајни работи, а вие од тоа сте направиле драма во повеќе дела. Можеби е време да ги анализирате вашите внатрешни нагони, поради што вашето его не прифаќа отстапувања, дури и симболични.

Шкорпија

Се зголемуваат вашите парични преокупации, партнерства и долгорочни инвестиции. Од вас се бара да промените некои од вашите навики и да се прилагодите на новите околности, а тоа е секогаш тешко за вас, а често и невозможно. Бидете трпеливи и истрајни.

Стрелец

За вас, ова е ден како и секој друг. Уморни сте од темпото со кое сте притиснати некое време, а вашата сакана личност исто така не ви е по волја. Не ги обвинувајте другите затоа што се е на вас, сте презеле се на себе, па сега е време да истраете во тоа.

Јарец

Копнеете за промени. Недостигот на средства ве спречува да направите нешто конкретно, па се одлучувате за мали измени и преместувања кои ќе донесат нова енергија во вашата околина. Ако ги вклучите и членовите на домаќинството, задоволството ќе биде колективно.

Водолија

Уморни сте од чекање. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите проблеми и сомнежи кои ве мачат веќе некое време. Не бидете нетрпеливи и избрзани, бидејќи грешките кои би можеле да ги направите денес би биле непоправливи во иднина.

Риби

Се ближи моментот на реализација на некои проекти, како и можноста за потпишување нов договор. Сепак, бидете трпеливи и одложете ги последните потези, бидејќи, иако се се одвива според планот, се уште не се исполнети сите предуслови за да се стави крај на се. Избегнувајте кратенки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag