ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЕКСПЕРТИТЕ: Првите лубеници во сезоната не се безбедни за јадење!

popara28 април, 20231min00
364978_watermelon-1969949-1920_f

Лубениците веќе се појавија на пазарите и во продавниците, но лекарите предупредуваат на потенцијалната опасност од штетните состојки кои може да ги содржат.

На почетокот на сезоната лубениците обично содржат големо количество нитрати кои се користат за забрзување на зреењето на плодот. Нитратите во мали количини не се штетни, но постојаното внесување на големи количини може да предизвика труење кое се манифестира со симптоми како гадење, повраќање и стомачни болки. Затоа, важно е да бидете внимателни и умерено да консумирате лубеница за да избегнете здравствени проблеми.

– Хроничните заболувања може да се влошат кај луѓето кои консумираат нитрати во големи количини, а доколку веќе имаат проблеми со дигестивниот систем може да очекуваат негативни последици. Иста е состојбата и со воспалителните болести – велат експертите.

Треба да се биде внимателен

Сепак, треба да се напомене дека не сите лубеници кои моментално се во продажба се полни со нитрати. Доколку се одгледуваат во пластеник, таму се создаваат услови за побрзо зреење отколку на „отворено“, поради што нема потреба од употреба на нитрати.

Експертите предупредуваат дека иако не е сигурно дека сите рани лубеници ќе ја содржат оваа состојка, сепак треба да бидете внимателни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag