Истражување: Што најмногу ги возбудува мажите, а што жените?

popara29 април, 20231min00
Screenshot_5

Разни истражувања покажуваат дека постојат разлики помеѓу она што ги возбудува мажите и жените во кревет, а и најновото истражување на оваа тема оди во прилог на ова тврдење, покажувајќи некои фасцинантни констрасти помеѓу она што мажите и жените го сметаат за најголемо сексуално возбудување.

 

 

 

Истражувањето било нарачано од веб-страницата IllicitEncounters, а го објави британски Metro. Во анкетата биле прашани околу 2 илјади мажи и жени, па јасно е дека резултатите сепак не го одразуваат мислењето на сите мажи и жени во светот, но е добра подлога.

 

Резултатите покажале дека жените најмногу ги возбудува заеднички орегазам со партнерот, дури 66%, па тоа се нашло на врвот. Тоа им се допаѓа и на мажите, но само третина од нив го навеле ова како нешто што најмногу ги возбудува, ставајќи го на 4. место на оваа листа. Наместо тоа, на мажите најдраг им е првиот секс со новата партнерка, односно над половина од анкетираните мажи (56%) изјавиле дека најмногу ги возбудува секс со некоја со која никогаш претходно не биле в кревет.

 

На второто место на лситата на најголеми возбудувања кај мажите е секс со бивша партнерка која сѐ уште им се допаѓа. И на жените тоа донекаде им е привлечно, но многу пониско на листата. За 42% жени на 2. место е краткотрајна авантура на одмор, додека на 3. место е повеќекратниот оргазам (36%). Потоа на листата следува добар орален секс (35%), а на 5. место е одењето на „валкан“ викенд со партнерот (32%).

 

Сите сакаме одење в кревет во чиста и испрана постелнина, но некои жени дури и тоа ги возбудува, па токму тоа го ставиле на 6. место на листата, над роденденскиот секс. Листата ја заокружуваат со секс за Валентајн, односно Денот на вљубените, доста омилен кај романтичарите.

 

Што се однесува на машките, ним на 3. место им е секс со непозната лчичност (35%), на четврто е заеднички оргазам со партнерката, а на петто снимање на сексуалниот однос со партнерката (28%). Исто така рекле дека ги возбудува и секс на отворено и авантура на одмор, иако таа е на последното место.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag