Пејачката Тејлор Свифт падна на настап па пееше со ОТВОРЕНА РАНА – „За сѐ е виновен РЕТРОГРАДНИОТ МЕРКУР“ (ВИДЕО)

popara29 април, 20231min00
profimedia-0274265730

Американската пејачка Тејлор Свифт моментално е на турнејата „Eras Tour“ и пред неколку дена настапила во Хјустон, а на тој концерт доживеала мала несреќа, која не останала незабележана од нејзините најверни обожаватели.

 

 

Имено, Свифт отпеала добар дел од концертот со огромна отворена рана на левата дланка. Фановите веднаш го виделе тоа и на социјалните мрежи се шират неколку видеа на кои јасно се гледа голема крвава рана на нејзината рака, а обожавателите дури направиле компилација од видеа на кои се гледа како Тејлор се обидува да ја „закрпи“ раната со завои и фластери, но во таа воопшто не успеала.

 

 

На крајот се огласи и самата пејачка која објасни како дошло до несреќата. „За оние што ме прашуваат како добив исеченица на раката, јас сум добро и сето тоа беше моја вина. Се сопнав преку работ на фустанот и паднав во темнината зад сцената додека трчав да се пресоблечам. Сето тоа е поврзано со ретроградниот Меркур. Не грижете се за мене, добро сум“, напишала Тејлор.

 

Бројни корисници на социјалните мрежи ја пофалија за нејзината професионалност. „Тејлор е вистински професионалец“, „Раната што ја доби изгледа доста болно, но сепак направи одличен концерт“, „Убаво објасни што се случи“, се само дел од коментарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag