Печени ќофтиња во вариво од домати и зеленчук
Ова е едно од оние јадења што им се допаѓаат на сите. За гурмани, деца, но е совршен и за оние кои се на кето исхрана и диета со малку јаглехидрати. Јадењето е направено од ќофтиња и зеленчук, со многу низок процент на јаглехидрати.
Ќофтињата во сос од домати се исклучително сочни, и се вистински сериозен оброк. Лесни се за подготовка, не треба да ја вклучувате рерната за да ги сварите во сосот, се се подготвува во тава.
Најдоброто нешто е што се одлични и топли и ладни.
Состојки:
600 гр мешано мелено месо
1+1 лажичка сув зачин
половина лажичка бибер, листови магдонос, гранулиран лук
ако имате ставете псилиум снегулки кои би го замениле лебот или трошките кои обично ги ставаме во ќофтињата, ако немате можете и без нив, можете дури и брашно од бадем 2 лажици.
1 кесичка зеленчук за ѓувеч
500 мл сок од домати
1 мала главица кромид
100 мл масло
Подготовка:
Во меленото месо додадете ги сите зачини што планирате да ги додадете и псилиум снегулките или бадемовото брашно и сè добро измешајте. Ако масата е сува, истурете малку вода и повторно добро измешајте. Со влажни раце формирајте ќофтиња и печете на средна температура додека не поруменат. Посебно пржете го кромидот со масло и суви зачини, потоа додадете го зеленчукот и прелијте ги доматите. Додадете 200 мл вода и оставете да зоврие. Кога водата ќе испари, варете уште малку, за да се згусне како поредок сос, па додадете ги ќофтињата и исклучете ја топлината. Оставете се така да одмори малку пред да се послужи. Ако не сте на диета која ги исклучува јаглехидратите, можете да додадете грст ориз во доматите.