Емотивно збогување со публиката: Џејмс Корден не успеа да ги скрие солзите!

popara29 април, 20231min00
o_28847111_1280

По осум години престанува да постои авторската емисија „The Late Late Show“ чиј водител е Џејмс Корден. Популарниот британски комичар, според странските медиуми, планира да се врати во Велика Британија и да ја врати наклонетоста на тамошната јавност. Во четвртокот вечерта беше емитувана последната емисија која ги разнежни верните фанови на оваа емисија. Имено, водителот изведе балада на пијано со неколку референци за неговата емисија, а ова беше 1200-та епизода. Последни гости беа неговиот пријател, поп пејачот Хари Стајлс и комичарот Вил Ферел, а порака за поддршка имаше и од претседателот на Соединетите Американски Држави – Џо Бајден.

https://youtu.be/ntOfE8wngGM

Интересна беше и последната епизода од неговото популарно шоу „Carpool Karaoke“ во кое тој беше домаќин на глобално популарната пејачка Адел.

Со својот хумор, искреност и љубезност израдува многу луѓе, особено неговите верни обожаватели. Кон крајот на синоќешната емисија гласот почна да му пука и не можеше да ги задржи солзите додека гледаше во камерата и пееше: „Дел од мене се прашува истото: зошто да не останам овде засекогаш? Но длабоко во моето срце знам, секогаш ќе ми биде во сеќавањето. Време е да си одиме, време е. Ви благодариме што гледавте, тоа е нашата емисија“, се потпиша вечно познатиот водител.

Неговиот настап беше поздравен со огромен аплауз од публиката се додека не ја напушти сцената на шоуто. Актерот изјавил дека решил да го напушти шоуто затоа што сакал да поминува повеќе време со семејството, а таква идеја му дошла кога разговарал со синот Макс. Последниве месеци беше оптоварен и со негативни критики за неговото однесување зад камерите, најмногу поради ситуација во која се скарал со сопственикот на ресторан кој му забранил влез бидејќи бил груб со персоналот.

Експертите за односи со јавноста тврдат дека Корден би можел да направи трансфер со големи пари во ITV за да го замени колегата Џонатан Рос. Некои шпекулираат дека би можел да се појави во реално шоу или дека ќе води ново ток-шоу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma