ХРАНА ЗА МОЗОКОТ! Како исхраната влијае на нашата интелигенција!

popara28 април, 20241min00
Screenshot_7

Истражувањата покажуваат дека хранливите состојки во храната имаат значајно позитивно влијание на работата на мозокот. Проблемите со размислувањето и концентрацијата најчесто се јавуваат при таканаречен оксидативен стрес, пишува „Fox news“. За поголема продуктивност и поголем фокус во текот на денот, обидете се да го зголемите консумирањето на следниве видови храна.

 

 

 

 

Сончоглед

 

Семето од сончоглед е извор на витамин Е. Истражувањата покажуваат дека доволно количество витамин Е може да помогне во работата на мозокот, особено кај старите. Тоа може да помогне и во поглед на помнењето. Освен витамин Е, сончогледовото семе има други состојки кои се основни за меморијата.

 

Боровинки, јагоди и малини

 

Овошјето богато со антиоксиданси, како боровинките, јагодите и малините докажано ја подобруваат меморијата и способноста за учење. Освен тоа, лабораториски и животински истражувања покажале дека јадењето вакво овошје има позитивни последици на мозокот за време на лекување против воспаленија.

 

Туна

 

Со јадењето риба како туна се внесува вид на омега-3 масна киселина која е важна за развој и работа на мозокот, а може да помогне во успорувањето на процесот на стареење на мозокот. Консумацијата на морска храна се препорачува за бремени жени или нови мајки бидејќи со тоа се развива мозокот на детето, па дури и помага во зголемување на коефициентот на интелигенција. Се препорачува јадење риба 2-3 пати во неделата.

 

Сок од грозје

 

Сокот од грозје е добар за срцето, но нови истражувања покажуваат дека тој може да биде добар и за мозокот. Неодамнешно истражување покажало дека когнитивните здравствени ефекти од сокот од грозје се забележува и кај младите и здрави луѓе, освен на старите.

 

Спанаќ

 

Спанаќот има антиокдисанси кои му помагаат на мозокот да остане здрав подолго. Истражувачите откриле дека кај жените кои јаделе повеќе зелен зеленчук се забележува поспоро стареење на мозокот во споредба со жените кои јаделе помалку зеленчук.

 

Цвекло и репа

 

Тоа се добар извор на природни хранливи состојки кои може да го зголемат приливот на крв во мозокот, со што се подобрува работата на овој орган. Тие помагаат и во спречувањето на деменцијата.

 

Јајца

 

Јајцата, посебно жолчките се извор на холин, еден од основните состојки на невротрансмитерот ацетилхолин кој игра клучна улога во способноста да се запомни краткотрајна информација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma