Дејвид Бекам јавно за неговото нарушување: Станува среде ноќ да ја исчисти куќата, а за тоа се скарал и со Викторија

popara29 април, 20231min00
profimedia-0705546640-830x0

Дејвид Бекам наскоро ќе открие неверојатни детали од неговиот приватен живот што ќе ги изненадат останатите, објави платформата Нетфликс. Тие планираат да снимаат документарен филм за славниот фудбалер, пренесуваат локалните медиуми.

 

 

 

 

Документарецот е со буџет од 16 милиони фунти, а дел од него е посветен на битката на Бекам со опсесивно-компулсивното нарушување.

 

Поради опсесивно-компулсивно пореметување, фудбалерот не можел да спие со часови навечер, пишува британскиот весник Дејли Мејл.

 

Исто така, овој средовечен фудбалер претходно призна дека мора да ги држи сите предмети во куќата подредени, т.е. или во парови.

 

Она што е ново е што, како што сега се открива, тој останува буден навечер додека неговото семејство спие, а за тоа време ја чисти и уредува куќата.

 

-Кога сите одат да спијат, јас чистам низ домот. Ги чистам свеќите, внимавам сè да е во ред. Мразам да се будам во неред. Го отстранувам восокот од свеќите, ги бришам стаклата – признал Бекам, пренесува Глорија.

 

Фудбалерот објаснил дека е свесен дека неговото однесување е чудно, а признал и дека се скарал со сопругата Викторија бидејќи не ставила нешто на предвиденото место.

 

Да потсетиме, минатата година Нетфликс го најави снимањето на документарниот серијал во кој Бекам ќе открие сè за неговите скромни почетоци и успехот што следел.

 

Документарецот ќе содржи приватни снимки, како и интервјуа со членови на неговото семејство и други важни луѓе од неговиот живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag