Уште еден скандал во најава – принцот Хари со нови обвинувања за својот брат

popara30 април, 20231min00
profimedia-0619073225

Пријател на принцот Вилијам наводно изјавил за „Дејли бист“ дека нема ништо лошо во тоа што престолонаследникот се смирил со неговиот помлад брат принцот Хари.

 

 

 

Пред неколку дена медиумите објавија дека принцот Вилијам во 2020 година наводно „примил огромна сума пари“, во спогодба со компанијата „News Group Newspapers“ (NGN), на чело со Руберт Мардок, за хакирање телефони за собирање информации за таблоидите.

 

„Токму кога мислите дека не може да биде полошо, тоа се случува“, изјави за „Дејли бист“ неименуван извор близок до принцот Вилијам.

 

„Принцот Хари ја спалува земјата. Откривајќи тајни тој пали се до темел. Многу е јасно дека Вилијам знае дека неговата врска со него е завршена“, тврди овој наводен пријател на принцот од Велс.

Како што истакнал, иако порано браќата биле најдобри пријатели, сега меѓу нив е готово, а Вилијам изгубил секаква доверба во својот помал брат.

 

„Вилијам никогаш повеќе нема да му верува на Хари. Како можеше? Вистината е дека Вилијам сега апсолутно го мрази Хари и никогаш нема да му прости за штетата што ја направи на семејството“, рекол изворот.

 

„Браќата беа многу блиски кога беа помали, толку многу што е неверојатно за нас кои ги познававме во тоа време, дека дојдоа до таму Хари да ги открива доверливите законски решенија на неговиот брат“.

 

Се работи, инаку, за скандал во кој е откриено дека споменатата компанија хакирала телефони на познати личности и членови на британското кралско семејство.

 

Во судските документи, чии детали се појавија во медиумите оваа недела, принцот Хари наводно, тврди: „Се чини дека брат ми знаеше многу повеќе од мене за хакирањето на телефонот, иако не ми кажа“.

 

Тој понатаму тврди дека НГН „сепак го подмири неговото барање за огромна сума пари“ и забележува дека јавноста не била запознаена со деталите, „со навидум поволен договор за сè да се премолчи“, додава тој.

 

Споменатата компанија се обидува да докаже дека е доцна Хари да поднесе тужба против нив, а принцот не нуди објаснување зошто не поднел тужба порано. Извори блиски до престолонаследникот веруваат дека Хари го изнел сето тоа во јавноста „за инает“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag