Џулијан Мур шеташе по улиците на Њујорк без многу дотерување, но со стил.
Оскаровката се одлучи за најтренди обувките во сезоната, мокасини, како и за се уште актуелниот крој на фармерки. За да го комплетира лежерниот стил, таа избра уште една класика – беж мантил. Сепак, она што е најавтентично за сите е нејзиниот природен изглед.
Таа отиде на брз соло шопинг без шминка, а дека се грижи за својата убавина докажуваат и фотографиите. Џулиен отсекогаш била позната како некој кој вложува многу во нејзината грижа и за свечени прилики претпочитала да се шминка што помалку.
Нејзиниот единствен совет, кој го сподели со својата ќерка, кога е убавината во прашање, е да ги задржи природните веѓи.
– Единственото нешто што секогаш го велам е не ги допирајте веѓите. Не си ги уништувајте веѓите како јас и безброј други жени што ги познавам.
Споделувајќи еден од триковите за шминкање кои ги научила на различни снимања, Мур ги советувала жените „да ги имитираат природните емоции на своето лице кога се шминкаат“.
– Како и кај руменилото, на пример, се насмевнуваме кога нанесуваме руменило. Ако некогаш се запрашате каде да се шминкате на вашето лице, размислете како нашето лице природно „се движи“.