ЛАВА КОЛАЧ со ЧОКОЛАДО и МАЛИНА! Десерт за паметење!

popara1 мај, 20231min00
693471_lava_f

Овој колач е идеален за сите љубители на чоколадо и овошни десерти, а подготовката е многу едноставна и брза… Уживајте!

Состојки:

125 гр путер

лажица какао во прав

четвртина чаша брашно

170 гр чоколадо за готвење

100 гр замрзнати малини

четири лажици џем од малини

половина чаша шеќер

три јајца

прстофат сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапите за мафини намачкајте ги со путер и посипете ги со мешавина од какао во прав и брашно. Во соодветен сад растопете путер и чоколадо, а потоа изладете ги. Изгмечете ги малините и измешајте ги со џемот. Јајцата со шеќер и малку сол изматете ги со миксер, па додајте ја чоколадната смеса. Потоа додадете го брашното и сè добро измешајте. Во калапите истурете малку чоколадна смеса, одозгора ставете една лажица смеса од малини, па покријте со преостанатата чоколадна смеса. Печете во рерна 14 минути, а потоа извадете и послужете веднаш.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag