Наместо да ја кревате лупалката од зеленчукот, само движете ја нагоре надолу.
Несомнено е дека најдолгиот дел од подготовката на храната е всушност подготовката на состојките.
Зеленчукот генерално треба претходно да се исчисти и излупи, за што скоро сите користат алатка за лупење.
Сепак, иако веројатно сте забележале дека остриот дел е климав, се обложуваме дека не сте знаеле зошто.
Алатката е намерно дизајнирана така што лесно може да се движите горе-долу без да ја кревате раката од храната.
На овој начин многу побрзо ќе ја исчистите секоја намирница.
Девојка на „TikTok“ покажа како тоа изгледа во пракса, што можете да го погледнете на видеото ОВДЕ.