ФЕНГ ШУИ совети за СЛАБЕЕЊЕ: Работи што мора да ги промените во кујната ако сакате да ослабете

popara1 мај, 20231min00
676 (1)

Практични совети кои може да ви помогнат да ослабете…

За слабеење не е доволно само да се занимавате со физичка активност и да ги намалите оброците. Домот во кој живееме, особено кујната мора да биде уредена на одреден начин, а покрај тоа постојат одредени трикови и совети кои треба да ги примените доколку сакате да ги намалите килограмите, апетитот и прекумерното прејадување.

  1. Боите кои преовладуваат

Некои студии покажаа дека одредени бои го поттикнуваат апетитот. Во тие тонови спаѓаат следните бои: окер нијанса, разни тонови на жолта, кафена и зелена. Боите кои нема да го поттикнат вашиот апетит се сите нијанси на сина и малку виолетова. На пример, храната на бели или жолти чинии изгледа многу попривлечно отколку, да речеме, на сина боја.

  1. Не ставајте работен простор во близина на кујната

Доколку практикувате да работите во близина на фрижидерот и воопшто во кујната, почесто ќе правите паузи за да јадете. Погрижете се да нема чинии со грицки, чоколади и слично околу вашата работна површина. Накратко, колку е храната поблиску до вас, толку полесно и побрзо ќе посегнете по неа. Затоа, наместо храна, на работниот простор вметнете украсни елементи како цвеќиња, кристали, школки и слично.

  1. Зеленило против стрес

Бидејќи стресот е многу чест предизвикувач на прејадување, за да го намалите стресот уредете го вашиот животен простор на таков начин што сè ќе ве потсетува на удобност и релаксација. Внесете растенија, аквариум со риби, ставете слики од пејзажи и работи кои ви будат убави спомени. Уште еден корисен совет е да се ослободите од се што не ви треба или што ја изгубило својата цел и намера. Нередот и пренатрупаноста носат лоша енергија и расположение, што дополнително може да ве поттикне да јадете повеќе од вообичаено.

  1. Редовно проветрувајте ја кујната

Секогаш кога готвите или подготвувате нешто, обидете се добро да ја проветрите кујната. Мирисот на преостанатата храна може да го зголеми апетитот, па затоа е пожелно и неопходно низ оваа просторија редовно да тече свеж воздух.

Ако преферирате да јадете и да гледате телевизија во исто време, ќе јадете повеќе храна, а тоа е потврдено со бројни студии. За време на оброкот треба да се фокусирате на внесувањето храна, да јадете полека и смирено.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma