Бен Афлек и Џенифер Лопез се фотографирани додека шетаат на Беверли Хилс со ќерката на пејачката, Ема
Парот уживаше држејќи се за раце и изгледа целосно заљубено.
Убавата Џенифер изгледа шик и елегантно во карирано подолго сако, фармерки со висок струк и секако рамни ногавици, кои ги искомбинира со црн топ од тантела. Нејзината комбинација е идеален пример за облека што може да се носи и дење и навечер, особено во преодниот период.
Афлек (50) покрај неа изгледаше лежерно, онака како што знае, облечен во фармерки, кошула и јакна.
Да се потсетиме дека Џенифер и Бен се венчаа минатото лето со целосна поддршка од сите нивни деца. Лопез ги дели своите 15-годишни близнаци Ема и Макс со поранешниот сопруг Марк Ентони, а Афлек ги има своите три деца со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, Серафина (17), Вајолет (14) и Семјуел (11).