Донесена е одлука: На Гвинет Палтроу нема да ѝ бидат надокнадени судските трошоци во случајот со скијачката несреќа

popara2 мај, 20231min00
tan2023-04-24063813742-830x0

Американската актерка Гвинет Палтроу го доби случајот на суд против маж кој тврдеше дека удрила во него додека скијала.

На неа ѝ беше доделена отштета од 1 долар откако поротата утврди дека пензионираниот лекар Тери Сандерсон „100 проценти“ е виновен за несреќата на скијање.

На Гвинет нема да ѝ бидат вратени трошоците за одбраната откако ќе го добие случајот.

Инаку, актерката се огласи на својот Инстаграм по добивањето на пресудата.

Гвинет на споменатата мрежа изрази благодарност до поротата и судијата и рече дека е задоволна.

– Чувствував дека премолченото согласување на лажно тврдење го загрозува мојот интегритет. Задоволна сум од исходот и ја ценам напорната работа на судијата Холмберг и поротата и им благодарам за грижата во постапувањето со овој случај – напишала актерката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma