Мајкл Џеј Фокс (61) повеќе од 30 години се бори со Паркинсовата болест, а во последно време здравјето му е влошено, а се движи во инвалидска количка.
Ѕвездата на филмскиот серијал „Враќање во иднината“ даде интервју за емисијата „Сандеј морнинг“ на Си-би-ес и отворено раскажа колку му е тешко.
“Нема да доживеам 80 години“, изјави актерот.
Да, смртта тропа на мојата врата. Нема да лажам. Станува се потешко. Секој ден е се потешко“, објасни Мајкл на новинарката Џејн Поли. Потоа откри дека дополнително имал и операција за отстранување на бениген тумор на рбетот, но поради процедурата сега не може да се движи и дека мора да функционира во количка.