За да ја заштитите косата од оштетување, на неа ставете хартија за печење додека ја пеглате.
Многу девојки сакаат да користат пегла за коса, иако знаат дека топлината може да ја оштети.
Секако дека користат разни препарати, но не е на одмет да се примени уште еден трик.
Блогерката Марија Ајело, на која приоритет и е негата на коса и креирањето различни фризури, на своите следбеници на социјалната мрежа „TikTok“ им покажа едно нешто што секој го има дома и како тоа може да помогне.
Тоа е хартијата за печење.
Кога веќе сте ја нанеле стандардната заштита на косата, ставете хартија за печење, а потоа поминувајте ја со пеглата.
Хартијата секако е отпорна на топлина, па ќе ги ублажи ефектите на пеглата, но сепак не толку за да ја изгуби функцијата.
Дали би го пробале ова?