Дали знаевте дека фугите помеѓу плочките во бањата или кујната можете многу лесно да ги исчистите со само две состојки?
Овој трик за чистење на фугите ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.
Дали знаевте дека фугите помеѓу плочките во бањата или кујната можете многу лесно да ги исчистите со само две состојки?
Како што може да се види на видеото кое се прошири на социјалните мрежи, пастата од само две состојки го решава проблемот со нечистите фуги и ги отстранува сите нечистотии.
Измешајте 1/2 чаша сода бикарбона и 1/4 чаша водород пероксид. Нанесете ја смесата за чистење на фугите, почекајте 5-10 минути, истријте, избришете го вишокот сода бикарбона и исплакнете.
Трикот ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, кои рекоа дека едвај чекаат да се обидат да ги исчистат своите фуги, додека други ги понудија своите совети за ефикасно отстранување на нечистотијата помеѓу плочките.
Еден корисник откри дека ги чисти со мешавина од лимон, сода бикарбона и оцет, додека друга корисничка додаде дека користи средство за чистење теписи.