По пони, магаре и куче, вдоми и прасе: Шварценегер направи зоолошка од неговиот дом!

popara2 мај, 20231min00
profimedia-0498599563-830x0 (1)

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер е голем љубител на животни.

Покрај кучето, тој има и пони и магаре, а сега на социјалните мрежи откри дека посвоил ново милениче, прасе кое го нарекол Шнели.

– Семејството расте. Запознајте го Шнели – напиша актерот во описот на фотографијата на која се гледа како позира со кучето и прасето во скут.

– Schnell на германски значи брз. Кога пристигна, трчаше низ куќата и целиот имот, беше невозможно да го фатиме, па решивме да го наречеме Шнели – изјави Шварценегер во интервју за Фокс 11.

„Еден сосема обичен ден во кој Терминаторот држи прасе и куче во скут“, „Совршен“, „Честитки“, се само дел од коментарите на неговите следбеници под објавата на Твитер, која ја прегледале речиси осум милиони корисници.

Инаку, Шварценегер често на социјалните мрежи споделува смешни моменти со своите миленици. Арнолд има неколку видеа на кои може да се види како ги храни, а своите миленици ги носел дури и на деловни состаноци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma