ПОДОБРИ ОД ПАРФЕМ: Сувите масла, освен што прекрасно мирисаат, исто така ја негуваат кожата

popara3 мај, 20231min00
634389_shutterstock-1034364826_f

За време на потоплите денови кожата има потреба од дополнителна нега бидејќи е повеќе изложена на сонце и надворешни фактори. Сувите масла се токму еден од најдобрите производи за нега на телото во текот на летните денови и се одлична замена за тешките парфеми.

Имаат немрсна текстура, кожата брзо ги впива и што е најважно, содржат хранливи материи кои се одлични за нега на кожата. Исто така, можете буквално да користите миризливи суви масла „од глава до пети“, бидејќи освен што се користат за нега на тело, можат да се користат и за нега на коса.

Мирисното суво масло најдобро се нанесува веднаш по туширањето, односно додека кожата е се уште влажна. На овој начин маслото најдобро ќе успее да навлезе во порите, а кожата ќе стане мека и свиленкаста на допир. Непотребно е да се каже дека и вие ќе мирисате прекрасно.

Мирисот на сувите масла е многу посуптилен од мирисот на парфемите, па тие се навистина одличен избор за топлите летни денови, а при купувањето можете да се одлучите и за оние со сјај кои особено ќе го истакнат вашиот исончан тен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag