Како брзо и уредно да врзете вратоврска: Трик кој сигурно ќе ви заштеди време

popara3 мај, 20231min00
kravata-830x0

Брзањето и доцнењето не познаваат пречки кога станува збор за работи како закопчување кошула, ставање обетки или врзување вратоврска.

Ако не можете да врзете вратоврска или ви треба вечност за да ја врзете, а сепак да изгледа убаво, „TikTok“ има решение и за тоа.

Трикот кој доби многу позитивни коментари на профилот @goldilocks.bears.x е начин за брзо врзување вратоврска, а изгледа како од излог.

Се е во играта на рацете. Голема предност е што вратоврската ја врзувате во раце, наместо на врат.

Чекорите до тој совршен изглед се многу едноставни:

  1. Поставете ја вратоврската долж раката, така што ќе падне преку прстите на испружената дланка.
  2. Подолгиот крај на вратоврската (кој паѓа зад прстите) почнете да го виткате околу раката во два круга.
  3. Потоа повлечете го едниот круг низ другиот и затегнете.

Ќе имате правилна и совршена форма. Ако овие три чекори не ви беа доволни, погледнете го видеото ТУКА.

Коментарите се полни со благодарност како „Да го знаев ова порано…“, „Ти благодарам!“, „Сега е премногу лесно“ и многу други, подеднакво позитивни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma