Многу луѓе имаат навика да чуваат јајца на вратата од фрижидерот, но тоа никогаш не треба да го правиме.
Причината за тоа е температурната нестабилност, бидејќи вратата постојано се отвора, па температурата нон-стоп се менува, а познато е и дека вратата е најтоплото место во фрижидерот. Ова влијае на рокот на траење. Таму е подобро да чувате сокови, сосови, путер…
Она што исто така треба да го знаете пред да ги ставите јајцата во фрижидер е дека прво треба да ги измиете. Ова ќе го спречи ризикот од случајна инфекција со салмонела. Доколку не сте ги измиле, можете да ги чувате надвор од фрижидер на температура под +20 околу 25 дена. Бидејќи јајцата имаат кревка и транспарентна лушпа, тие брзо ги апсорбираат другите мириси. Лушпите се способни да ги апсорбираат сите вкусови, што исто така ќе влијае на рокот на траење на јајцето.
Доколку ги купите во супермаркет, тогаш се во индустриско пакување и можете да ги чувате на средната полица од фрижидерот.