Не ја фрлајте КОРАТА ОД КРАСТАВИЦА: Корисна е во исхраната, хранлива и ефикасно ги отстранува овие дамки

popara4 мај, 20231min00
farmers-market-cucumbers-gc79cbc34b_1920

Кората од краставица е добра и за исхрана, но мора да се погрижиме да биде добро измиена

Голем дел од она што ја прави краставицата хранлива се наоѓа во кората.

Една голема, неизлупена краставица содржи 62 проценти од дневниот препорачан внес на витамин К. Тој е потребен за активирање на некои протеини вклучени во процесите на згрутчување на крвта, а хеговата улога во метаболизмот на коските и другите ткива не е занемарлива.

Исто така, големата неизлупена краставица содржи 6% од дневната вредност на витаминот А и 14% од дневната вредност на витаминот Ц, што всушност значи дека е одличен сојузник за одржување на здрав имунолошки систем.

Од неа можете да добиете и дневна доза на витамини од групата Б, како и тиамин, рибофлавин и Б6, кои го снабдуваат телото со енергија потребна за функционирање на срцето и мозокот.

Кората од краставица е добра и за храна, но мора да се погрижиме да биде добро измиена, особено ако не е од органско одгледување.

Доколку, сепак, преферирате излупени краставици, треба да знаете дека кората не мора да ја фрлате, туку можете да ја измешате ренданата со сирење, сенф, друг зеленчук…

Дополнително, трикот со кора од краставица ќе биде одличен доколку имате деца, па ако треба да ја отстраните трагата од боички од ѕидот, или маркери, фломастери… Се што ви треба е да ја истриете површината со надворешната страна на кората.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma