КЕЈТ МИДЛТОН ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ, ПА ПРОГОВОРИ ЗА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА: За жал, никогаш не…

popara4 мај, 20231min00
694792_apkejt_f

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, конечно ги откри своите размислувања за покојната принцеза Дијана.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беа во Велс и се најдоа на насловните страници кога рачно доставија пица на паркингот за време на посетата на рагби клубот „Dowlais“ во Мертир Тидфил на планинските спасувачи.

Во оваа прилика Кејт разговараше со обожавателите и даде редок коментар за принцезата Дијана.

Кога еден кралски обожавател ѝ кажал дека го носи вереничкиот прстен на Дијана, таа потврдила дека тоа е „истиот прстен“, додавајќи дека не морала да го прилагодува за да го носи.

– Но, за жал, никогаш не ја запознав – заклучила таа.

Додала и дека верува дека Дијана би била „одлична баба“, а на прашањето дали му недостига на семејството, таа одговорила:

– Многу. На семејството му недостига секој ден.

Во 2010 година, принцот Вилијам и подари на Кејт свршенички прстен со 12-каратен цејлонски сафир опкружен со 14 дијаманти, кој принцезата Дијана ги носеше пред неа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma