
Имате неочекувани гости, а немате „ништо слатко“ во куќата?
Не очајувајте, имаме одличен рецепт за крофни кои се прават само од две состојки и се крцкави однадвор, а меки одвнатре.
Брзо и лесно се прават, сигурни сме дека сите ќе ги сакаат и верувајте ни на зборот: тешко е да се запре само на една.
Можеби не е лоша идејата веднаш да направите двојна мерка, бидејќи ќе ја снема за 5 минути.
Состојки:
300 гр брашно
250 гр грчки јогурт со ванила
масло за пржење
цимет по желба
Подготовка:
Во среден сад измешајте ги брашното и јогуртот и мешајте додека тестото не се соедини и не формира компактна маса.
Направете топчиња од тестото во големина по желба.
Истурете го маслото во средно тенџере и пржете ги крофните на средна топлина 3-4 минути додека не поруменат.
Во сад со цимет или шеќер во прав ставете ги топлите крофни.