
Иако сезоната на годишни одмори заврши, триковите за пакување се секогаш добредојдени, особено кога треба да патуваме само со еден помал куфер. Или кога станува збор за зимските патувања, бидејќи пакувањето е многу потешко поради количината на гломазни предмети. Затоа тогаш кога не можеме да прибегнеме кон методот на „ролање“, можеме да размислиме за овој трик.
Let's pack your bag. pic.twitter.com/S6w44V2Hr3
— 5.Min.Crafts (@5min__crafts) September 28, 2022
Целта е да се спакуваат предметите со долги ракави – дуксерите, блузите, кошулите и џемперите први. Во видеото убаво е објаснето како се одвива постапката, која дефитивно ќе ви „заштеди“ место во куферот и ќе можете да го понесете сето она што мислите дека ќе ви треба. Вреди да се проба.