„Како да не може да дише во фустанот“, „Колку е арогантна?“ – стои во дел од коментарите до видеото во кое се гледа како Џеј Ло им дава инструкции на фотографите како да ја фотографираат на Мет Гала. Некои сметаат дека таа направила модно промашување, па ја споредија со паторот Дачо.
Мет Галата е најголемиот моден настан во годината, на кој се собираат сите познати и славни личности, а годинава, вечерта беше во чест на познатиот дизајнер Карл Лагерфелд.
На црвениот тепих во понеделникот (01.05) прошетаа голем број познати личности, а меѓу нив беше и Џенифер Лопез.
Џеј Ло, на настанот се појави сама, без својата посилна половина, но според дел од медиумите не станува збор за проблеми во бракот, туку Бен Афлек не можел да дојде затоа што имал неодложни работни обврски во Лос Анџелес.
Познатата пејачка и актерка за годинешната Мет Гала облече свилен фустан од Ralph Lauren со долг плашт.
Според многумина изборот на бојата е малку дискутабилен, затоа што се знае дека Карл Лагерфелд ја мразел розовата боја и сметал дека луѓето не треба да ја носат на себе, а некои го споредуваат нејзиниот изглед со паторот Дачо.
It’s giving… #jlo #MetGala pic.twitter.com/1Ko6CAaa4u
— TamaJM⚡️ (@_tamajm) May 2, 2023
На социјалните мрежи се споделува уште едно видео на кое се гледа како Џеј Ло им дава инструкции на фотографите од кој агол да ги направат фотките, а начинот на којшто таа комуницира со нив предизвика голем број коментари.
Во видеото се гледа како таа им дава инструкции на фотографите од кој агол да ги прават фотографиите за да изгледа повисока и поубаво:
ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
„Подолу, подолу… Не, погоре, крени горе“ – му вели таа на фотографот и покажува со прст каде да биде позициониран фотоапаратот.
„Колку е арогантна“
„Таа им кажува на фотографите како да ја фотографираат? Во ред…“
„Фустанот не изгледа добро затоа што таа не се чувствува убаво во него и тоа е видливо“.
„Изгледа како воопшто да не ѝ е удобно“.
„Таа треба да се забавува, а изгледа како воопшто не ѝ е забавно“.
„Како да не може да дише во фустанот“.
„Леле, таа буквално му се развика на фотографот“ – стои во дел од коментарите до видеото.