Партнерот на Ријана, раперот АСАП Роки се најде во центарот на вниманието поради видеото кое кружи на социјалните мрежи.
Партнерот на Ријана, раперот АСАП Роки се најде во центарот на вниманието поради видеото кое кружи на социјалните мрежи.
Имено, снимката е направена пред хотел во Њујорк каде многу светски ѕвезди се подготвувале за најголемиот моден настан Мет гала.
Пред хотелот се собрала толпа обожаватели.
Раперот очигледно бил изнервиран од таквата гужва и наместо да тргне по другиот пат, кој е ограден за да поминуваат познатите, тој поминал низ толпата, ја прескокнал оградата, а притоа со раката грубо се потпрел врз лицето на една девојка.
Роки се потпрел на нејзината глава, неговата рака се лизнала на нејзиното лице, и ги тргнал очилата од лицето, а кутрата девојка била сосема шокирана.
asap rocky just jumped thru the crowd dhdjeisi #MetGala https://t.co/aZLn95H7gQ
— JA (@sleezyjamie) May 1, 2023
Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи, а девојката раскажа што се случило.
„Отидов таму рано наутро само за да видам одблизу како се облечени ѕвездите“, изјавила девојката по име Медлин за „Индепендент“ а потоа продолжила:
„Почувствував дека некој ме тапка по рамото, па се свртев и видов дека тоа е АСАП Роки. Тој рече „душо, морам да поминам“, а јас само му реков „не“, бидејќи барикадата беше веднаш пред мене, тој немаше каде да помине“.
Но раперот не обрнувал внимание на тоа и скокнал врз оградата, притоа зграпчувајќи ја неа и мажот до неа.
„Откако скокна, ми рече „благодарам“, а потоа само се насмеа и ми го покажа средниот прст“, рекла таа.