Кејт Мидлтон елегантна ден пред крунисувањето: Покажа дека едноставноста е секогаш одличен избор (ФОТО)

popara5 мај, 20231min00
9ff00e180da2d9e88bcabd9e5d085e157ba53d62

Принцезата Кејт и принцот Вилијам присуствуваа на ручек во Бакингемската палата еден ден пред крунисувањето

Кралот Чарлс III ги собра водечките премиери и официјални лица на ручек и исто така ја поздрави толпата.

Кејт Мидлтон се одлучи за црно-бела комбинација. Таа изгледаше гламурозно како и обично, облечена во бел фустан со црни детали. Нејзиниот фустан ја следи линијата на телото и е со должина до колената, додека половината ја истакна со црн ремен.

Салонките и овој пат беа нејзиниот избор. Се одлучи за црн модел со отворена пета, а ги искомбинира со тенка плик чанта.

Косата и беше пуштена и имаше минимална шминка.

Ќе видиме што подготвила Кејт за утре, ден кој ќе остане во историјата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma