„Ова не значи дека Ковид-19 е завршен како глобална здравствена закана“, забележуваат експертите
Претставници на Светската здравствена организација рекоа дека Ковид повеќе не е глобална здравствена закана.
– Со голема надеж изјавувам дека Ковид-19 не е глобална здравствена закана – рече генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус и додаде:
– Ова не значи дека Ковид-19 е завршен како глобална здравствена закана, пренесува „News.sky.com“.
Во мај минатата година, експертите на СЗО рекоа дека крајот на пандемијата е „на повидок“, објавувајќи извештаи што владите треба да ги следат за контрола на инфекции, тестирање, вакцинација и дезинформации.
Минатиот месец, апликацијата „NHS COVID“ беше исклучена и целосно ќе биде укината на 16-ти мај.
На 11-ти март 2020 година, Ковид-19 беше прогласен за пандемија, предизвикувајќи изолација и ограничувања за патување низ целиот свет.
Оттогаш, има повеќе од шест милиони смртни случаи поврзани со Ковид ширум светот.