Според популарното верување, на партнерот никогаш не треба да му поклоните еден предмет: Тоа може да биде ЛОШ ЗНАК за опстанок на врската…

popara5 мај, 20231min00
676

Можеби ова за вас се „бабини деветини“, но во секоја приказна има зрно вистина.

Доколку ви се ближи годишнина или некој важен датум и размислувате што би можеле да му подарите на партнерот, а секој подарок има одредено значење, верувањето вели дека никогаш не треба да подарувате еден предмет.

Иако објективно е убав знак за внимание, можеби е подобро да се одлучите за поинаков подарок. И да го заборавите часовникот.

Имено, верувањата велат дека ако девојката му подари часовник на дечкото, или тој на неа, тие ќе раскинат. Часовникот претставува одбројување на времето, па затоа треба да избегнувате да го купувате овој предмет како подарок за некој близок.

Верувањето вели дека стрелките на часовникот можат да ги пресечат среќата и љубовта што постојат во врската и може да влијае на разделбата на двајца партнери. Се верува дека часовниците во моментот на подарување привлекуваат зли духови кои предизвикуваат кавги и разделба на партнерите.

Ако навистина сакате да му подарите часовник на партнерот, подобро е да му дадете пари и тој сам да го купи.

Старите верувања велат дека не треба да подарувате стари предмети, антиквитети или половни работи бидејќи се смета дека овие работи имаат лоша енергија која се пренесува од сопственикот на примачот на подарокот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma