Најкремастите тестенини по рецептот на баба: Чинија од ова јадење е вистинска анти-стрес терапија!

popara6 мај, 20231min00
Bacon-cream-sauce-pasta

Сите ги сакаме тестенините, бидејќи освен што се брзи и лесни за подготовка, тие се и многу вкусни, а само една порција тестенини убаво ќе не засити.

Ви носиме рецепт од бабината кујна за ова омилено јадење на сите.

Вака подготвените тестенини се бескрајно кремасти и толку вкусни што можеме слободно да кажеме дека полна чинија тестенини се вистинска антистрес терапија за душата.

Ви треба:

250 гр тестенини
50 гр сирење
100 мл крем за готвење
1 лажица кисела павлака
100 гр сува сланина
1 млад лук
бибер
сол

Подготовка:

Лукот ситно исечкајте го. Сланината се сече на коцки, се додава малку масло и се пржи, па се вади и се цеди кога ќе порумени. Ставете го лукот во маснотиите и пропржете го на тивок оган.

Соединете ги двете павлаки и малку измешајте, па кога ќе се испржи лукот додадете ја павлаката со малку бибер. Додадете го сирењето и варете 1-2 минути, а потоа додадете ја пропржената сланина.

За декорација оставете 2 лажици сланина и 2 лажици павлака. Сварените тестенини прелијте ги со павлаката.

Одозгора додадете уште малку крем и истурете ја сланината. Исечкајте го магдоносот. Вашите тестенини се подготвени. Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag