Мажи, не се бричете! Жените САКААТ БРАДА, сега тоа е и научно потврдено

popara6 мај, 20231min00
Muškarac-brada

Испитаниците ги оценувале потенцијалните партнери како за авантура, така и за сериозни врски

Новото истражување ќе ви ги реши сомнежите – доколку досега се сомневавте, треба да знаете дека освен што сте попривлечни, доколку носите брада, жените ќе ве доживуваат и како подоминантни и од социолошки и од психолошки аспект.

Истражувањето го иницирал Универзитетот во Квинсленд, а во него учествувале 919 жени на возраст од 18 до 70 години. Нивната задача била да оценат фотографии од мажи. Меѓу фотографиите имало и мажи без брада, со брада, како и фотографии уредени во фотошоп, така што мажите на нив изгледаат помажествено или пак поженствено. Испитаниците ги оценувале потенцијалните партнери и за авантури и за сериозни врски.

Резултатите покажале дека колку повеќе брада на фотографијата – толку е поголем рејтингот, додека највисоки оценки собрале фотографии од мажи со изразито помажествени црти и густа брада, особено кога станува збор за критериумот за воспоставување долги врски.

Како и да е, не сите жени сакале брада. Некои од нив биле против брадата, најмногу од хигиенски причини, наведувајќи дека на брадата се акумулираат бацили.

Интересна е преференцијата што истражувачите ја откриле кај сингл девојките „со зголемена репродуктивна амбиција“ кон свежо избричените мажи.

Сепак, карактерот е тој што игра клучна улога во привлекувањето на спротивниот пол, а истражувањата покажаа дека жените значително припишуваат карактерни црти врз основа на брадата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma